Новости

Свет

Емиратите ќе отпишат долгови на граѓаните во вредност од 87 милиони евра

Фондот за порамнување на долговите во Обединетите Арапски Емирати објави планови за отпис на кредити во вредност од речиси 87 милиони евра.

„Оваа мерка има за цел да обезбеди пристоен животен стандард за сите граѓани на Емиратите, заедно со високо ниво на општествена стабилност“, рекол Џабер Мохамед Ганем ал Суваиди, претседател на Врховниот комитет на Фондот.

Според него, овој гест ќе го намали финансискиот товар за државјаните на ОАЕ. Мерката за отпис на долговите ќе опфати 3.300 луѓе.

Владата истовремено покрена кампања за подигнување на свеста за подобрување на финансиската писменост на граѓаните на ОАЕ, давајќи детали за ризикот од „живот на кредит“ и подучувајќи ги младите луѓе како да управуваат со своите финансии.

GOLD
To Top