Новости

Свет

Зошто оние кои што трчаат се потенцијални преносители на коронавирус

Daniel Reche

Австралискиот доктор Норман Свон објаснува зошто моментално се најопасни оние кои трчаат на отворено и упати апел тренинзите на отворено привремено да запрат се додека трае пандемијата.
Иако моментално нема докази дека коронавирусот се пренесува преку потта, доктор Свон предупреди на сите оние кои трчаат во парковите дека се опасни бидејќи за време на трчањето испуштаат ситни капки од устата за разлика од оние кои само шетаат.
-Бидејќи оние кои трчаат и дишат забрзано се повеќе се потат, имаат поголема шанса да го испуштат вирусот во воздух и така можат да го заразат оној покрај кого минуваат, објаснува тој за Дејли Мејл.
Затоа уште еднаш ја објасни важноста на држењето растојание од минимум два метра, а тоа особено важи за оние кои вежбаат надвор.
Во Австралија, многумина кои тренираат на отворени ги игнорираат упатствата за социјално дистанцирање, па така шеталиштата ширум земјата буквално се задушени од оние кои излегуваат да шетаат или да трчаат.
И српските инфектолози објаснуваат како може да се заразиме дури сме надвор и шетаме.
-Ако тој некој, на пример, кивне, а ние поминуваме тогаш, може да се заразиме. Но, не треба воопшто да размислуваме на оваа тема, треба да се следат правилата. Сите разумни луѓе треба да останат дома и да излегуваат само кога мораат, објаснува српски инфектолог.

GOLD
To Top