Новости

Свет

Измерена најголемата црна дупка во блиска вселена

Астрономите во Институтот Макс Планк за вонземска физика (МПЕ) во Германија објавија дека ја измериле масата на најголемата црна дупка во блискиот универзум.

Оваа супермасивна црна дупка се наоѓа во галаксијата Холмберг 15А, која од нас е оддалечена околу 700 милиони светлосни години.

За разлика од централната црна дупка на нашата галаксија, која има околу 4 милиони соларни маси, оваа рекордна централна црна дупка во Холмберг 15А е 40 милијарди пати помасовна од нашето Сонце, пишува EarthSky.

Иако галаксијата „Холмберг 15А“ има огромна видлива маса од околу 2 трилиони соларни маси во sвездите, нејзиниот центар е крајно дифузен и слабо видлив. Затоа, група на астрономи од МПЕ и Универзитетската опсерваторија Минхен се особено заинтересирани за оваа област.

„Овој централен регион на дифузија е скоро со иста големина како и Големиот магелански облак Галакси, така што се сомневавме дека тука има многу голема маса на црни дупки“, напишаа астрономите во соопштението.

Научниците ја измерија светлината што доаѓа од регионот преку опсерваторијата Венделштајн, лоцирана во баварските Алпи. Тие ги комбинираа добиените резултати со телескопот во Чиле.

GOLD
To Top