Новости

Свет

Изминатата деценија беше најтопла измерена на земјата

Изминатата деценија беше најтопла измерена на земјата, а 2019 година е втора најтопла година според досегашните мерења, соопштија денеска две американски агенции и специјализирана агенција на обединетите нации.

Неколку научници тврдат дека годините што следат ќе бидат уште потопли и ќе достигнат рекордни температури. Од 1980-тите, секоја деценија беше потопла од претходната, според светската метеоролошка организација.

Од Институтот на НАСА за вселенски истражувања, пресметаа дека 2019 година е втора најтопла година откако започнале мерењата пред 140 години. Најтопло било во 2016 година. Пет други тимови на научници се согласија со тоа, врз основа на мерењата на температурата на површината на земјата.

GOLD
To Top