Новости

Свет

Илјадници депортирани мигранти од Германија , се враќаат назад

Илјадници баратели на азил кои се депортирани или доброволно ја напуштиле Германија се враќаат и повторно да бараат азил, пишува весникот „Велт ам Сонтаг“.

До 30 октомври 2019 година, во Германија имало 4.916 баратели на азил кои влегле во земјата двапати од 2012 година, и биле или депортирани или доброволно си заминале, а потоа се вратиле и по трет пат аплицирале за азил, пишува весникот. цитирајќи информации од германската влада.

Во Германија има 1.023 баратели на азил кои бараат азил по четврти пат, а 294 се обиделе пет или повеќе пати.

Според германското Федерално биро за статистика, 1,78 милиони луѓе побарале засолниште во земјата меѓу 2010 и 2018 година.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер повика на реформи во врска со азилот во Европа, вклучително и воведување постапка за спроведување првично испитување на барањата за заштита на мигрантите пред да влезат во Европа.

Пред неколку недели тој најави построги гранични контроли, како одговор на контроверзното повторно враќање во Германија на водачот на либанскиот клан, Мири.

Ибрахим Мири бил вратен во Либан во јули откако е осуден за организиран криминал, но се врати во Бремен во октомври.

Потоа повторно е депортиран кон крајот на октомври.

GOLD
To Top