Новости

Свет

Илјадници патници останаа на аеродромите поради штрајк на пилотите на Бритиш Ервејс

Поради штрајк на пилотите на Бритиш Ервејс , погодени се над 145 000 патници , кои останаа на аеродромите.

Пилотите на британскиот авио превозник од денеска почнаа генерален штрајк , поради ниските плати. Авионите на Бритиш Ервејс денеска и утре ќе бидат приземјени, што е најголем прекин во историјата на компанијата. На 27. септември се планира нов штрајк , доколку не се постигне договор со управата на компанијата.

Повеќето од 850 летови на „Бритиш Ервејс“ беа откажани, а на патниците им беше понуден поврат на парите или лет во некој друг ден.

„Бритиш Ервејс треба да се разбуди “, рече генералниот секретар на синдикалната организација „ Балпе “, Брајан Струтон, додавајќи дека пилотите прифатиле значителни намалувања на платите за време на кризата и сега кога компанијата заработува пари, треба да им се исплати зголемување.

Според унијата, еден ден штрајк ќе ја чини компанијата околу 40 милиони фунти.

За време на долгите преговори, пилотите ја одбија понудата на Бритиш Ервејс да им ја зголемат платата само за 11,5 проценти во тек на три години.

GOLD
To Top