Новости

Свет

Историски успех: Излечен втор пациент во светот од вирусот ХИВ

На маж од Велика Британија кој се лекува од ХИВ, му биле трансплантирани матични клетки по што повеќе не прима лекови, пренесува “BBC”.

Пациентот од Лондон веќе 18 месеци е во ремисија, не покажувајќи никакви знаци на вирусот во неговото тело. Вирусот му бил дијагностициран уште во 2003 година, а девет години подоцна му бил откриен и Хоџкинов лимфом, пишува во написот.

На таканаречениот “Лондонски пациент” му била извршена трансплантација од донатор со ретка генетска мутација што го прави отпорен на вирусот, а станува збор за ист тип донатор кој му помогна на првиот “Берлински пациент”, Тимоти Реј Браун да премине во ремисија пред 10 години.

Главниот истражувач Равиндра Гупта изјавил дека “Берлинскиот пациент” не бил аномалија и дека навистина ваквиот пристап на лекување го елиминирал вирусот. Гупта додал и дека иако технологијата за трансплантација на матични клетки не е универзален третман за секого, таа може да придонесе за развој на други методи кои ќе помогнат да се елиминира вирусот на ХИВ од телата на луѓето.

Се верува дека 37 милиони луѓе ширум светот живеат со ХИВ кој потенцијално може да се развие во синдром на стекнат имунодефицитен ризик (СИДА). Луѓето кај кои е дијагностициран ХИВ треба доживотно да земаат антиретровирусни лекови за да го потиснат вирусот.

Целиот текст од студијата ќе биде објавен во списанието “Nature”.

GOLD
To Top