Новости

Свет

Историско ракување меѓу Доналд Транмп и Ким Јонг ун

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се состанале во Сингапур а медиумите ширум светот овој самит го оценуваат како историски.

Трамп и Ким се ракувале, а потоа севернокорејскиот лидер му се обратил на претседателот на САД на англиски и тоа со зборовите: „Драго ми е што се запознаваме претседателе“.

Ким и Трамп поминале некое време пред новинарите, а медиумите пренесуваат дека Трамп одговорил дека се чувствува слично.

„Моја чест е, сигурен сум дека ќе имаме одлични односи“, рекол Трамп во присуство на преведувач.

Трамп и Ким потоа, одејќи еден покрај друг се упатиле во салата каде поминале 38 минути во приватен разговор, со присуство на преведувач.

Потоа, на нив им се придружиле претставници на делегациите на двете земји.

GOLD
To Top