Новости

Свет

Италија го избра првиот трансроден градоначалник

Избирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат Џанмарко Негри.

Тој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската Лига на Матео Салвини.

Негри е 40-годишен адвокат, кој е и активист за трансродиви права. Тој е избран со 37,5 отсто од гласовите дадени за неговата левичарска граѓанска листа. Кандидатот на Лига заврши на второ место, со 26 отсто од гласовите, пренесе АП.

GOLD
To Top