Новости

Свет

Казна доживотен затвор за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на MМКТ, го осуди поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, за некои од најтешките воени злосторства во Европа по Втората светска војна, изрекувајќи му казна доживотен затвор.

Тој е осуден за геноцид над Бошњаците во Сребреница во 1995 година, за тероризирање на цивилното население во Сараево со долготрајно гранатирање и снајперски оган, за прогон и истребување на Бошњаците и на Хрватите во 20 општини низ целата земја и за земање на мировници на ООН како заложници.

Сепак, тој беше ослободен од обвиненијата за геноцид во седум други општини во БиХ, извршен во 1992 година.

Караџиќ беше осуден со првостепената пресуда која Хашкиот трибунал му ја изрече во март 2016 година, но жалба на неа поднесоа и одбраната, и обвинителството.

Судиите на Жалбениот совет го отфрлија тврдењето на Караџиќ дека неговото судење било неправедно.

Денешната одлука е конечна и на неа не може да се поднесе жалба.

GOLD
To Top