Новости

Свет

Како блиндираниот Mercedes стигна до Северна Кореја?

Ким Чен Ун не е исклучок од овој тренд, но проблемот е во тоа што Daimler и Mercedes немаат објаснување како диктаторот и режимот се здобиле со блиндираните возила ако се знае дека Северна Кореја е под на санкции од ОН и нема право да купува луксузни стоки, вклучително и автомобили.

Ким Чен Ун користи такви лимузини на важните состаноци на кои учествува последниве години, вклучувајќи ги тука и средбите со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

На железничката станица во Владивосток, каде Ким пристигна со блиндираниот воз, го очекуваа две оклопни лимузини: Mercedes Maybach S600 Pullman Guard и Mercedes Maybach S62.

-„Ние немаме идеја како овие автомобили дошле во Северна Кореја“, вели портпаролот на Daimler, Силке Мокер. За Daimler извозот на автомобили секогаш е во согласност со законите, тоа е основен принцип на нашиот бизнис“.

Daimler негира испорака на автомобили во оваа земја бидејќи Северна Кореја не е меѓу клиентите на компанијата.

-„Нашата компанија нема бизнис врски со Северна Кореја повеќе од 15 години и ние строго ги почитуваме санкциите и ембаргото наметнати на земјата“, додава Мокерт. „За да ја избегнеме продажбата во Северна Кореја, строго го следиме нашиот извоз. Но, немаме контрола над трговијата со користени автомобили, тоа не е наша одговорност“.

Како и обично, во заобиколувањето на санкциите на ОН, Кина и Русија најчесто играат многу важна улога. Многу луксузни стоки, вклучувајќи ги и автомобилите, прво се купуваат во една од овие две земји со пари што доаѓаат од Северна Кореја, а потоа заминуваат за Пјонгјанг. Оваа формула успешно функционира со години наназад – од алкохол и облека до блиндирани лимузини пренесува додајгас.

GOLD
To Top