Новости

Свет

Колку денес би чинела изградбата на познатите светски градби?

HomeAdvisor ги анализирал седумте познати градби ширум светот, земајќи ги предвид работните и трошоците за материјали, за да пресмета колку нивната изградба би чинела во модерно време. Исто така, земени се и “изворните” трошоци, кои покажуваат како некои материјали биле многу поскапи пред стотина години, но дека останатите материјали се многу поевтини отколку денес.

Така, на пример, изградбата на Статуата на слободата чинела десет пати повеќе во 1886 година отколку денес, а Биг Бен денес би бил поевтин од купување апартман на Менхетен. Од друга страна, величествениот споменик на Христос спасител во Рио би бил многу поскап да се изгради денес, кој би чинел еден милион долари повеќе од 1931 година, кога е изграден.

Сепак, некои од проценетите трошоци се навистина изненадувачки евтини – изградбата на Статуата на слободата или Биг Бен денес би бил поевтин од купување апартман на Менхетен! На кого воопшто му треба стан кога ќе може за истите пари да купите градска знаменитост и да уживате во неа, зарем не?

Цела листа на знаменитости и нивните проценети вредности во американски долари, рангирани од најскапи до најевтини:

1. Пирамидите во Гиза – 878 милиони долари
2. Колосеум – 380 милиони долари
3. Ајфелова кула – 31 милион долари
4. Кривата кула во Пиза- 4 милиони долари
5. Христос спасител во Рио – 1,5 милиони долари
6. Статуа на слободата – 1,3 милиони долари
7. Биг Бен – 222 илјади долари

denar.mk

GOLD
To Top