Новости

Свет

Комби удрило во авионот на Меркел: Бев фасцинирана од средбата со канцеларката, па заборавив да повлечам рачна

Комби удри и го оштети авионот на германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд, откако жената која управувала со комбито заборавила да повлече рачна сопирачка.

Комбито кое било без возач и паркирано во близина на авионот „Бомбардиер Глобал 500“, започнало да се движи и удрило во авионот на владата на германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд. Возилото го оштетило авионот, но никој не бил повреден во инцидентот.

„Билд“ пренесува дека Меркел не била во авионот во моментот на инцидентот и дека во Берлин ќе се врати со владин хеликоптер.

Таа пред инцидентот била во комбито и разговарала со жената која управувала со возилото. Извор од германската армија открива дека жената која била сопственик на комбито рекла дека „била толку фасцинирана од средбата со канцеларката, така што можно е да заборавила да ја повлече рачната сопирачка“.

Портпаролката на аеродромот, Давина Унгруе соопштила дека понатамошната истрага ќе утврди зошто возилото започнало да се движи и го предизвикало судирот со авионот на германската влада.

Инцидентот се случи само неколку седмици подоцна, откако авионот принудно слета на меѓународниот аеродром Берлин-Шенефелд, при што двете крила на леталото ја допреле пистата.

GOLD
To Top