Новости

Свет

Коронавирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

Коронавирусот се шири бргу, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување. Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како Али експрес, има загриженост дали коронавирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со коронавирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РСМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со коронавурусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од Али експрес и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку Али експрес.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот.

Извор: МИА

GOLD
To Top