Новости

Свет

Луфтханза откажува 1.300 летови, штрајкот на кабинскиот екипаж ќе погоди дури 180.000 патници

Кабинскиот екипаж на Луфтханза денеска и утре ќе штрајкува поради што ќе бидат откажани 1.300 летови на овој германски авиопревозник, што ќе погоди 180.000 патници.

Тоа значи дека ќе биде откажан секој петти од вкупно 6.000 летови на Луфтханза, планирани за денеска и утре, односно во деновите за кога е закажан штрајкот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Луфтханза соопштила дека ќе бидат откажани летовите откако судот во Франкфурт дал “зелено светло” за одржување на штрајкот, откако вчера го отфрли барањето на авиокомпанијата за негова забрана.

Германскиот синдикат “UFO” и претходно го повика кабинскиот екипаж да се организира штрајк во борба за подобра плата и подобри услови за работа.

GOLD
To Top