Новости

Свет

Македонец киднапиран и убиен во Авганистан

Tројца странски државјани, меѓу кои еден државјанин на Македонија, утрово најпрво биле киднапирани, па убиени во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат странските агенции. Убиените работеле за компанија за храна и кетеринг „Содексо”.

Убуени се и еден индиски и еден малезиски државјанин. Нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и сега се бара потврда од фирмата за која работеле.

Според светските медиуми, работниците биле киднапирани од областа ПД9 во Кабул, а нивните тела биле пронајдени во квартот Мосаи.

GOLD
To Top