Новости

Свет

Македонец осуден во САД на 90 месеци затвор за компјутерски криминал

Во сојузниот суд во Бруклин, македонскиот државјанин Џеваир Аметовски е осуден на 90 месеци затвор, откако претходно се изјасни за виновен за кражби на идентитет. Овие злосторства биле поврзани со работата на Аметовски на „Codeshop“, веб-сајт кој тој го создаде со единствена цел да продава украдени податоци за кредитни и дебитни картички, акредитиви за банкарски сметки и лични информации за идентификација.

Судијата му нареди на обвинетиот да врати 250.000 американски долари и да плати надомест во износ што треба да го утврди Судот подоцна. Аметовски беше уапсен во Љубљана, Словенија, во јануари 2014 година и беше екстрадиран во САД во мај 2016 година пренесува алсат.

GOLD
To Top