Новости

Свет

Милијардерот Бренсон го преживеа ураганот Ирма во својот вински подрум

Милијардерот и неговиот тим останале во винскиот подрум за време на ураганот Ирма. Колку вина „преживеале“, ќе се утврдува дополнително.

Ураганот Ирма со ветрови со брзина од 290 км на час, е прогласен за еден од најмоќните, ако не и најмоќен во историјата.

Додека го продолжува својот немилосрден поход, сите кои му се на патот бегаат без да свртат глава.

Сепак, еден од најбогатите луѓе на светот, сопственикот на Вирџин Груп, Ричард Бренсон, кој моментално престојува на карипскиот остров Некер кој го купил пред неколку децении, одлучил да остане заедно со својот тим, во бетонскиот вински подрум под „Големата куќа“.

GOLD
To Top