Новости

Свет

Момчињата што беа спасени од пештерата на Тајланд не смеат јавно да зборуваат за тоа

Помина една година откако младинскиот фудбалски тим со нивниот тренер влезе во туристичката пештера на Тајланд и остана заробен. Беа спасени 18 дена подоцна по сложената спасувачка операција, која ја следеше целиот свет.

Момчињата што живеат во сиромашниот град Мае Саи не смеат да зборуваат за своето неубаво искуство со новинарите. По нивното спасување, тие потпишале филмски договор со „Нетфликс“, го пропатуваа светот, а нивната приказна е пренесена во книга и снимени се неколку документарни филмови.

People react as the 12 soccer players and their coach who were rescued from a flooded cave arrive for their news conference in the northern province of Chiang Rai, Thailand, July 18, 2018. REUTERS/Soe Zeya Tun

Не е познато колку добиле за договорот со „Нетфликс“, но се шират шпекулации дека се работи за 100.000 долари од човек.

Нивните пријатели од училишните клупи велат дека тоа нималку не ги променило и дека тие се истите момчиња. Денеска играат фудбал во новиот клуб „Екапол“, кој во меѓувреме го основаше нивниот тренер, кој конечно го исполни својот сон да предводи своја фудбалска школа.

Единствената жртва на спасувачката операција беше тајландскиот нуркач Саман Гунан, кој остана без кислород за време на подготвителната операција за извлекување на момчињата. Неговиот споменик денеска се наоѓа во близина на влезот на пештерата.

Извор: makfax.com.mk

GOLD
To Top