Новости

Свет

Монструм турна дете и мајка под воз во Франкфурт – – момчето починало на лице место

Морничаво убиство се случило во Франкфурт денеска кога 40-годишен маж турнал 8-годишно дете под воз на главната железничка станица.

Детето било турнато под возот кој поминувал на перонот број 7 заедно со својата мајка, велат очевидците, но 40-годишната жена успеала некако да се спаси.

За момчето, за жал, немало спас.

Мажот бил уапсен, а полицијата го истражува убиството. Осомничениот избегал од местото на настанот, но бил фатен пред железничката постојка со помош на минувачите.

Полицијата објавила дека убиецот е 40-годишен маж, но сѐ уште не е позната неговата поврзаност со жртвите, ниту мотивот.

GOLD
To Top