Новости

Свет

Најкусиот брак во историјата на Кувајт траел само три минути – Еве зошто се развел парот

Најкусиот брак во историјата на Кувајт траел само три минути.

Имено, еден љубовна двојка само што се венчала, по што невестата ненадејно се лизнала и паднала, а мажот ја нарекол глупава, поради што таа барала поништување на бракот.

Локалните медиуми пишуваат дека жената се лизнала кога излегувала од матичар. Нејзиниот новопечен сопруг и рекол дека е глупава, непосредно пред таа да побара поништување на бракот. Инцидентот предизвикал бројни реакции, а Твитер го преплавиле пораки на сочувство со невестата.

„Ако така се однесува веднаш на почетокот на бракот подобро е да го оставиш“, „бракот без почитување е неуспешен од самиот почеток“, биле некои до коментарите.

Судејќи според статистиките, Кувајт е втора арапска земја кога станува збор за бројот на разводите. Според статистиката од 2017 година која објавило тамошното Министерство за правосудство, околу 60% од браковите во земјата завршуваат со развод.

GOLD
To Top