Новости

Свет

На крузерот расте бројот на заболени, во Кина „најсмртоносниот ден од Коронавирусот“

Тестовите на уште 39 луѓе на јапонскиот крузер кај Јокохама денеска излегоа позитивни на Коронавирусот, со што вкупниот број на заразените сега е 175, соопшти денеска јапонското министерство за здравство.

Од новите 39 случаи, 10 се од екипажот, а 29 се патници. Четворица се во критична состојба. Луѓето чии тестови излегле позитивни на вирусот се пренесени од бродот во болница. Меѓу вработените на крузерот има и тројца македонци, кои засега не се меѓу заболените.

Денес во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Габрејесус кажа дека првата вакцина би можела да биде достапна за 18 месеци, а дотогаш, рече “мора да го користиме секое достапно оружје“.

Тој исто така изјавил дека Коронавирусот официјално го доби името „covid-19“, објаснувајќи дека е важно да се избегнува стигмата и дека користењето на другите имиња е неточно.

Вчера во Кина починаа 108 луѓе, што беше оценет за “најсмртоносниот ден од појавувањето на Коронавирусот“. Со нив, бројот на починати во кина порасна на 1.016.

GOLD
To Top