Новости

Свет

На чешкиот премиер не му е јасно зошто стотици илијади протестираат против него

Чешкиот премиер Андреј Бабиш не може да сфати зошто 280 000 Чеси вчера излегоа на протест со барање за негова оставка .

Премиерот Бабиш вели дека Чесите нема зошто да бидат несреќни кога државата напредува. ,,Ми изгледа дека луѓето стануваат се понезадоволни кога им даваме се повеќе пари.”, вели премиерот.

Бабиш денеска изјави дека во Чешка никогаш не се живеело подобро.

Вчера над 280 000 граѓани излегоа на улиците на Прага на најголемиот протест во поновата историја на земјата. Тие бараат оставка од владата на Бабиш , поради корупцискиот скандал во кој премиерот ги користел европските фондови за лично богатење преку своите фирми.

Андреј Бабиш е втор најбогат човек во Чешка , а полицијата уште во април побара од обвинителството да покрене кривична постапка за измама со парите од европските фондови , кои се користеле преку компаниите на Бабиш и на членовите на неговото семејство.

GOLD
To Top