Новости

Свет

Неповратно оштетена базиликата Свети Марко во Венеција

Големите поплави во Венеција предизвикаа огромни штети на некои мозаици и столбови во базиликата Св. Марко , што нема да може да се поправат.

Некои делови се толку оштетени , што оригиналите ќе треба да се заменат со нови , како единствен спас за оваа најголема туристичка атракција во Венеција.

Меѓу оштетените се неколку подни мозаици од десната страна на зградата, на кои се прикажани слики од пауни и прекривка со цвеќиња, изјави Пјерпаоло Кампострини, еден од прокураторите на базиликата.

-Темелите на некои мермерни столбови исто така се многу оштетени, изјави Кампострини.

-Мозаиците сепак може да се спасат, изјави Кампострини за новинската агенција АНСА, но оштетените темели на столбовите мора да бидат заменети. Целокупниот обем на штетата нема да биде познат сè додека не се исуши, што ќе трае неколку месеци, додаде тој. Штетата направена од поплавата „е бавна, но немилосрдна“, рече тој.

Венеција минатата недела претрпе најголеми поплави во последните пет децении.

Извор

GOLD
To Top