Новости

Свет

Не може да се биде и католик и мафијаш истовремено – Ватикан ќе носи нова правна доктрина

За италијанските мафијаши две работи се најсвети, тоа се семејството и црквата, без оглед колку нивните криминални методи се брутални или колку и да се длабоки нивните корупциски врски. Затоа Папата Франциско планира Ватикан да донесе нова правна доктрина според која свештениците ќе може слободно да извршат екскомуникација на верниците кои се дел од мафијашките организации или пак се вмешани во криминал и корупција.

Папата Франциско води посветена борба да ги врати вистинските и основните вредности на христијанската вера како чесноста, добрината и скромноста, па токму затоа повеќе ќе нема простор за италијанските мафијаши и корумпирани соработници на сите нивоа.

Италијанската црква е добро познато дека во регионите каде мафијата без оглед дали е Камора, Коза Ностра или Ндрагета има блиски релации со мафијачките кланови па дури и почит за начинот на кој го водат „бизнисот“ бидејќи сепак, обезбедуваат приходи за многу семејства. Сепак, Папата посочи и на бројните жртви на мафијата па затоа смета дека криминалците поврзани со неа автоматски се екскомуницирани и нивното место е во пеколот.

Од новата правна доктрина нема да биде поштеден ниту самиот Ватикан каде се прават големи напори да се процесуираат сите сомнителни активности.

faktor.mk

 

GOLD
To Top