Новости

Свет

Новата Година пристигна во Самоа и Нов Зеланд

Новата Година пристигна на островите во Тихиот Океан, Самоа и Фиџи,  а час подоцна Новата Година ја прославија и во Нов Зеланд. Помина пред речиси еден час што значи дека сега е 2019 година во Нов Зеланд.

Во Сиднеј, Австралија се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на пристаништата од каде ќе го следат спектакуларниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.

GOLD
To Top