Новости

Свет

Новата претседателка на ЕК – гинеколог и мајка на седум деца

Германската демохристијанка Урсула ван дер Лејен, која е предолог на Европскиот совет за функцијата претседател на Европската Комисија, е политичар со богато искуство на чело на неколку германски министерства.
Урсула Гертруд ван дер Лејен, доаѓа на чело на Европската комисија, а всушност се враќа во родниот град.

Таа е родена во 1958 година во Брисел, каде што нејзиниот татко, а подоцна и премиер на сојузната покраина Долна Саксонија, Ернст Албрехт, имаше висока функција во Европската економска заедница,претходник на Европската Унија.

Ван дер Лејен ги помина првите 13 години од својот живот во Брисел.

Од 1977 до 1980 година студирала економија на престижната Лондонска школа за економија. Во Лондон, поради страв од терористички закани кон германските политичари и членовите на нивните семејства, студирала под лажно име Роуз Ладсон.

По враќањето во Германија, студирала медицина, по што добила докторат и специјализација за гинекологија. Во 2015 година, имаше обвинувања дека Ван дер Лејен го препишала најголемиот дел од докторатот.

По истрагата на Универзитетот во Хановер, констатирано е дека докторат имал “грешки”, но било одлучено дека Ван дер Лајен може да ја задржи докторската титула.

Урсула Албрехт се омажила со доктор и потомок на познатото индустријалско семејство со текстил, Хајке ван дер Лејен, со кого има седум деца.

За политика се фокусираше релативно доцна: член е на Демохристијанската унија (ЦДУ) од 1990 година, а во регионалната политика се приклучи во доцните деведесетти.

На федералната политичка сцена се појави во 2005 година, кога беше заменета од страна на новата канцеларка Ангела Меркел како министер за семејството. Во вториот кабинет на Меркел, Ван дер Лејен ја одржа функцијата министер за труд, а во 2013 ја презеде функцијата министер за одбрана.

Вон дер Лејен се смета за близок соработник на Ангела Меркел, и извесно време беше и генерален секретар на ЦДУ.

Семејството на Ван дер Лејен ја поддржува мигрантската политика за отворени врати , па прими и бегалци од Сирија во својата куќа.

Поради доброто познавање на сите три главни јазици на ЕУ и искуството во НАТО, аналитичарите ја сметаат за добар кандидат за прва жена претседател на Европската Комисија.

GOLD
To Top