Новости

Свет

Објавена рутата на последниот лет на Коби

Американските медиуми со фотографија ја објавија рутата на хеликоптерот со кој летаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана (13) и седум други патници.

Хеликоптерот управуван од пилотот Курт Дик полетал наутро во 9:06 часот од хелиодромот „Џон Вејн“.

Тие го прелетале речиси целото подрачје на Лос Анџелес и нешто по 10 часот се урнале во местото Калабасас, Калифорнија.

Во несреќата загинаа сите 9 патници.

Според информациите кои ги објави „Њујорк Пост“ пилотот на хеликоптерот бил предупреден дека лета опасно ниско пред да се урне во брдата во Калифорнија, со брзина од речиси 300 километри на час.

– Се уште сте прениско за летање по вакво време, му било кажано на пилотот на хеликоптерот, што е регистрирано на аудиоснимка од контролната кула.

Извори од воздухопловни кругови изјавиле дека времето во околината на Лос Анџелес, каде се случи несреќата, било многу магливо и оти повеќето хеликоптери биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот Бурбанк, но кружел околу 15 минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и други летала кои требало да слетаат на аеродромот.

Кусо време пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се урнал на висина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била речиси 300 километри на час.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top