Новости

Свет

Ова е бомбашот од Манчестер – 22-годишниот Салман Абеди

Објавена е првата фотографија од бомбашот од Манчестер кој уби 22 невини луѓе, а во експлозијата беа повредени 64. 22-годишниот Салман Абеди бомбаш-самоубиец загина во експлозијата.

Фотографијата беше објавена откако премиерката Тереза Меј за прв пат после 10 години го подигна нивото на безбедност во Велика Британија, а 3800 војници се на улиците заради претпазливост од нов можен напад, објави The Sun.

Властите во Велика Британија изјавија дека најверојатно Абеди не го правел ова сам, а полицијата уапси уште тројца во јужниот дел на Манчестер кои се сомничат дека се поврзани со инцидентот.

Според The Sun, Абеди имал скришна џихадистичка обука за време на семејното патување во Сирија и дека има докази дека е поврзан со ИСИС.

Полицијата изврши рација во домот на Абеди, а ист така ја посети и џамијата каде што се молел.

„Тој е роден во Велика Британија со либиско потекло, израснат во Британија и наеднаш патува во Либија и потоа најверојатно во Сирија, станува радикален и се решава да го изврши овој напад,“ рече францускиот министер за надворешни работи, Џерард Коломб.

Најмладата жртва во нападот е 8-годишната Сафи.

 

GOLD
To Top