Новости

Свет

Ова се три европски земји од каде младите сакаат да се иселат

Хрватска, Словенија и Естонија се земји од каде голем број млади сакаат да се иселат во друга земја од ЕУ.

Во 2016 година од Хрватска сакале да се иселат 26 проценти од младите невработени луѓе, покажуваат податоците на Евростат.  Истиот процент важи и за Естонија, а од Словенија сакале да си заминат 25 проценти од луѓето кои се на возраст од 20 до 34 години.

Од друга страна во Британија и Ирска само 5 проценти од младите би се иселиле, во Холандија само 6 проценти размислувале за оваа опција, а во Италија 7 проценти.

Во просек 12 проценти од младите покажале интерес да се иселат во друга земја од ЕУ.

Во Шведска 34 проценти сакале во 2016 година да се иселат, но надвор од ЕУ, во Финска и Шпанија тој процент е 28, а во Франција 27 проценти сакале да заминат надвор од ЕУ.

Во Хрватска само 11 проценти сакале да се иселат на места кои не се дел од ЕУ.

faktor.mk

GOLD
To Top