Новости

Свет

Од денеска Финска претседава со ЕУ

Новиот претседавач со Европската унија е Финска која го презема од Романија шестмесечното ротационо претседателство со Европската унија.

Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа. Исто така, земјата најави и борба против климатските промени. Кога сме пак кај европската унија и интегративниот процес, германската канцеларка Меркел вчера преку видео порака порача дека европскиот пат на Западен Балкан и натаму е пол со камења. Таа повика земјите да ги надминат тензиите и да ги исполнат ветувањата.

-Денес состојбата во Западен Балкан е мирна, но има предизвици кои треба да СЕ решат и потребно е да се исполнат условите за да се подготват земјите за влез во ЕУ. Патот е се уште трнлив. Но, во регионот постојат и позитивни примери на дијалог, како што е решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името. Со политичка храброст, премиерите на Македонија Зоран Заев и на Грција Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт, и со тоа се отвора перспективата на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и влез на земјата во НАТО. Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово ,истакна канцеларката Меркел.

GOLD
To Top