Новости

Свет

„Окото“ на ураганот Ирма стигна до Флорида, полицијата со предупредување до наоружаните Американци

Photo: AFP

Ураганот Ирма продолжува. За кратко ослабе, но повторно се врати во категорија 4 откако ја промени насоката и сега стигна до западниот брег на Флорида, односно до заливот Флорида Кис каде се очекува најсилниот удар и за кој се издадени предупредувања за опасност по живот.

Некои жители на Флорида добиле „генијална“ идеја како да ја избркаат Ирма – да пукаат на неа!

Се започна со фејсбук настанот  „Пукај на Ирма – покажи кој е главен“ каде се пријавиле 26.000 лица и дури 53.000 заинтересирани.

Полицијата издаде предупредување на сопсствениците на оружје да не пукаат на ураганот бидејќи така нема да го истераат ураганот туку ќе си ги загрозат своите животи. Лицето кое го направило настанот на фејсбук рекол дека тоа го направил од „стрес и досада“.

Западна Флорида се подготвува за најлошото сценарио. Ветровите достигнуваат и брзина од 200 км/час. Гувернерот на Флорида во своето последно обраќање напомена дека ова е најлошата бура во историјата на САД и дека брановите можат да бидат толку високи што можат да ги покријат и куќите.

Uragan Irma (Foto: AFP)

Најголемиот ураган на Атлантскиот океан, Ирма, досега однесе 24 животи и остави стотици илјади луѓе без своите домови, а милиони без струја.

Еве како изгледа Ирма од вселената.

GOLD
To Top