Новости

Свет

Осми март – Меѓународен ден на жената

Обединети нации под мотото „Јас сум генерацијата за еднаквост: Остварување на правата на жените“ годинава го одбележува 8 март – Меѓународниот ден на жената.
Годинава се навршуваат и 25 години од потпишувањето Декларацијата во Пекинг и платформата за акција, што е прогресивен патоказ за родова еднаквост.

ОН покрена и кампања „Генерација еднаквост: Остварување на женските права за еднаква иднина“, со цел да се стави крај на родовото насилство, а се бара и економска правда и права за сите, телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права, феминистичка акција за климатска правдам, како и технологија и иновација за родова еднаквост и феминистичко лидерство.

Извршната директорка на ОН Жени, Фумзиле Мламбо-Нгцука по повод 8 март ја истакна 2020 како година за родова еднаквост и упати апел за справување со постоечките бариери за родовата еднаквост.

Таа потенцира дека ниту една земја во светот нема постигнато родова еднаквост. И покрај сите напори и денес една од 10 млади жени не знае да чита и пишува

Таа како втора приоритетна цел ја посочува поголемата вклученост на жените во политиката и во бизнисот. И денес 75 проценти од сите парламентарци во светот се мажи, затоа предлага воведување на правно обврзувачки квоти за претставување на жените.

 

Таа како позитивни промени ги истакна регистрираниот пад од 2000 година за 38 отсто на смтртноста на мајките. Потоа, во 131 држава преземени се правни реформи за поддршка на родовата еднаквост и за решавање на дискриминацијата. Во над 75 проценти од земјите се усвоени закони против семејно насилство.

– Значи, иако сме радикално нетрпеливи, не се откажуваме и се надеваме. Имаме поголема поддршка од сојузниците и партнерите, кои се подготвени да се справат со бариерите за родовата еднаквост. Гледаме волја за промени на генерациите и земјите. Ние наоѓаме прашања што не обединуваат и кои нудат можности за надминување на статус кво. Научените лекции во последните 25 години ни покажаа што е потребно за да се забрза акцијата за еднаквост. Еднаквоста на генерациите е еден од нашите одговори и заедно, ние сме таа генерација, истакна Мламбо-Нгцука во пораката за 8 март.

МИА

GOLD
To Top