Новости

Свет

Падна владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц

Пратниците во австрискиот парламент му изгласаа недоверба на канцеларот Себастијан Курц и на преодната влада што тој ја предложи за да ја раководи земјата до предвремените избори закажани за септември.

Со ова, Курц ќе остане запишан во историјата како канцелар кој бил најкратко на чело на една влада во Австрија. Тој ја изгуби довербата по аферата „Ибица“, поради која оставки поднесоа повеќе членови на владата, меѓу кои и вицеканцеларот на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе кој беше коалициски партнер во австриската влада, а кој е главниот актер во тајното видео. Сега се очекува состав на експертска влада, која ќе раководи до предвремените парламентарни избори на есен пренесува 24.мк.

GOLD
To Top