Новости

Свет

Повисок одѕив и подем на екстремните партии на изборите за Европскиот парламент

На изборите за Европскиот парламент што се одржаа во изминатите неколку дена регистрирана е поголемата излезност, но и подобри резултати на екстремните и популистичките партии. Според проекциите за идниот состав на ЕП, направени врз основа на делумните резултати од државите членки, две најсилни партии остануваат Европската народна партија со 178 мандати (38 помалку од досега) и социјалистите со 153 пратеници (34 помалку).

Либералите се трети политичка сила и, заедно со пратениците од листата на францускиот претседател Емануел Макрон, имаат 109 мандати (40 повеќе од досега). Зелените добија 64 мандати, односно 12 повеќе. Францускиот претседател Емануел Макрон, еден од најголемите поддржувачи на продолжување на европскиот проект, загуби, иако тесно, од екстреманата десница на Марин ле Пен. Националниот собир на Ле Пен победи со мала предност пред партијата на Макрон – 23,5 спрема 22,5 отсто. Во Унгарија убедливо победи партијата на Орбан…

GOLD
To Top