Новости

Свет

Поларната зима во Америка досега однесе 21 живот

Поларниот студ досега однесе најмалку 21 живот во САД. Температурите коишто се спуштија до минус 50 степени Целзиусови потполно го парализираа Чикаго и сојузната држава Минесота.

Дел од настраданите се жртви на сообраќајки, а некои од нив биле бездомници кои буквално замрзнале на тротоарите.

Повозрасните жители се сеќаваат дека ваков студен бран немало во последниве 20 години.

Студот предизвикува проблеми и на електричната мрежа.

Во многу сојузни држави се затворени училиштата и некои универзитети. Аеродромите имаат проблем со одмрзнување на леталата и пистите. Американските медиуми јавија дека само вчера биле откажани речиси 5 илјади летови. Се очекува поларниот бран да престане во текот на викендов.

GOLD
To Top