Новости

Свет

Полицијата води истрага: Хеликоптерот на Брајант немал црна кутија?

Хеликоптерот на Коби Брајант се урна во Калифорнија, а покрај легендарниот кошаркар, животот го загубија уште осум лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија.

Официјалната истрага за несреќата почна, иако се смета дека главна причина поради трагедијата била густата магла, но и грешката на пилотот кој поради лошиот преглед тргнал кон планината.

Американските медиуми пишуваат дека истрагата ќе биде отежната поради тоа што хеликоптерот немал црна кутија. Леталото се користи ширум светот, а црната кутија не е вклучена.

Полицијата и истражувачите го обезбедија местото на несреќата и секој дел може да биде многу важен, па повеќе детали за трагедијата се очекуваат во следните денови.

GOLD
To Top