Новости

Свет

Прв пат во 60 години Боинг немал ниту една нарачка

Големиот американски произведувач на авиони Боинг минатиот месец прв пат во 60 години не забележал ниту една нарачка а на купувачите им испорачал само 13 авиони во текот на кризата со моделот 737 Макс.
Нивниот рејтинг е исклучително лош по двете смртоносни уривања во кои загинаа 346 луѓе, пренесуваат агенциите.

Иако почетокот на годината за произведувачите на авиони обично е многу неповолен месец, европскиот ривал Еир Бас успеал да забележи 274 нарачки на комерцијални авиони во јануари, вклучувајќи и две големи продажби за американски компании, а испорачал 31 авион.

Недостатокот на нарачки во јануари се случува по тешката година за Боинк кога овој гигант се соочи со првите годишни загуби на нето приходи од 1997. Компанијата во 2019 година изгубила 636 милиони долари.

GOLD
To Top