Новости

Свет

Прв смртен случај од новиот коронавирус во Европа

Кинески турист, кој од провинцијата Хубеи пристигнал во Париз, почина откако неколку дена беше во критична состојба.

– Кинескиот турист пристигна во Франција од провинцијата Хубеи во Париз на 16 јануари. Тој беше хоспитализиран и изолиран до 25 јануари. Неговата состојба забрзано се влоши и неколку дена беше во критична состојба, поради што беше префрлен на интензивна нега, изјави француската министерка за здравство Агнес Бузин.

Таа додаде дека неговата ќерка, која исто така е заразена со новиот коронавирус и е во истата болница, повеќе не е во животна опасност.

Досега во Кина од новиот коронавирус починаа 1.523 лица, а инфицирани се 66.492 луѓе.

 

GOLD
To Top