Проблеми во контролата на летање на најголемиот аеродром во Европа – одложени бројни летови

На најфреквентниот аеродром во Европа , Шипхол во Амстердам, денеска дојде до пореметување во редот на летање. Проблемот се појавил во контролата на летање околу 13 часот. Поради тоа биле одложени бројни полетувања, а за слетување авионите се пренасочувани на други аеродроми, јавува холандската агенција АНП.
Извори од аеродромот и од агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај за медиумите наведуваат дека бројни летови се пренасочени од денеска во 13 часот, а причината за настанување на провблемот во контролата за летање се уште не е познат.
Најавено е и официјално соопштение од аеродромот Шипхол.
