Новости

Свет

Протести во Британија, демонстрантите сакаат нов референдум

Десетици илјади граѓани излегле на улиците во Лондон барајќи нов референдум за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Истовремено во британскиот парламент се води дебата за договорот кој премиерот Борис Џонсон го постигнал со Брисел за Брегзит.

Демонстрантите со ЕУ знаменца се упатиле кон парламентот.

Многумина носеле и транспаренти со пораки во кои, меѓу другото Брегзит се споредува со изборот на претседателот на САД Доналд Трамп, некои од демонстрантите се облечени во разни костими, некои ги исмејуваа политичарите, пред се Борис Џонсон.

Џејмс Макгрори, директор на кампањата Глас на народот, кој ги организираше овие демонстрации, изјавил дека владата мора да го смири бесот кон проевропејците и да одржи нов референдум за членството на земјата во ЕУ.

Според последните истражувања на јавното мислење, изгледа дека Британците се премислиле околу излегувањето од ЕУ, многумина од граѓаните велат дека прашањето за Брегзит им станало досадно.

GOLD
To Top