Новости

Свет

Рекордна продажба на авионите на „Ербас“

Европскиот производител на авиони „Ербас“ испорача рекорден број авиони во декември, надминувајќи ја годишната цел. „Ербас“ ја зазеде и првата позиција во светот во производството на авиони од американскиот ривал „Боинг“, пренесува „Капитал.ба“.

Според изворите, „Ербас“ испорачал 863 авиони минатата година, што претставува раст од 7,8 проценти од 2018 година, кога испорача 800. Производителите на авиони најголемиот дел од приходите ги добиваат по испораката на авионите, поради што овие информации се под строга контрола на инвеститорите.

Евротип
SNBROKER
To Top