Новости

Свет

Родители ги терале децата да гледаат обезглавување од ИСИС – едното дете го изгубил говорот од траума

Четири деца од Велика Британија ги пријавиле своите родители, поради тоа што биле присилени да гледаат „ISIS“ видео кое на нив предизвикало и им оставило големи трауми.

Три деца на возраст од 10, 14 и 16 години, како и нивната сестра (18) биле присилени да гледаат видео од обезглавување кое го објавиле „ISIS “.

Десетгодишното дете, после гледањето на ужасната видео снимка, се истрауматизирано до тој степен, што го изгубил говорот.

Неговата сестра се обратила преку телефонските линии кои се наменети за младите во невоља. Објаснила дека она и нејзините браќа изолирани, дека родителите ги држат затворени во куќата и не им дозволуваат да идат во школо.

Семејството е од сомајлиско потекло, а сега децата се сместени во хранителско семејство, кое ја има превземено целата грижа за децата.

 

GOLD
To Top