Новости

Свет

Рохани: Белата куќа е ментално заостаната

Иранскиот претседател Хасан Рохани, рекол дека снкциите наменети за Техеран покажуваат дека американската администрација е очајна, а Белата куќа, ментало заостаната.

Додал дека санкциите воведени за Али Камнеј, врховниот водич на Иран, се тотално бесмислени бидејќи тој нема недвижности во странство.

Иран претходно објави дека САД со воведување нови санкции врз иранските официјални претставници за “постојано затворање на дипломатскиот пат меѓу Вашингтон и Техеран”.

“Воведувањето на бескорисни санкции од иранскиот врховен лидер и шефот на дипломатијата претставува постојано затворање на дипломатскиот пат со сите подготвени влади на Доналд Трамп. Владата на Трамп е на пат кон уништување на сите меѓународни механизми за зачувување на светскиот мир и безбедност”, рече Абас Мусави, портпарол на иранската Министерство за надворешни работи.

Извор: press24.mk

GOLD
To Top