Новости

Свет

Русија го забранува пушењето на балкони

Владата објави нов закон со кој ќе се забрани пушењето на цигари по балконите на станбените згради.

Според овој нов закон, отворен оган е забранет на балкони од становите, но и во местата за дружење и интеракција во хотелите и хостелите.

Според таквата логика, огнот од запалки, чкорчиња, како и запалени цигари спаѓа во класификацијата на отворен оган.

Но, тоа не е сè, исто така ќе биде забрането, на пример, пржење ќебапи и палење свеќи по балконите.

Би-би-си додава дека кога законот бил штотуку објавен, имало забуна околу тоа дали пушењето ќе биде забрането или не, но ресорниот министер подоцна потврдил дека новиот закон забранува цигари на балконите.

Секој што ќе го прекрши ова правило, се соочува со казна од 42 евра.

Законот стапува на сила од 1. октомври и носи големи промени, пренесува британскиот јавен сервис.

GOLD
To Top