Новости

Свет

САД воведоа дополнителни царини на европски стоки

Француските вина и шкотското виски се дел од асортиманот производи на кои САД им воведоа дополнителни царини.

Како што информираа од Соединетите држави дополнителни тарифи од 7,5 милијарди американски долари се воведени за цела низа на производи.

Ова е нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани за вовратни мерки.

Царините стапија на сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесува на авионите „Ербас“, француските вина и шкотско виски.

Пред четири дена американската влада доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување тарифи како одговор на субвенциите на ЕУ за Ербас.

САД веќе се во трговска војна со Кина, што претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.

Во средата, Трамп повторно ги нападна европските земји и ги обвини за неправилно однесување и „огромни бариери“ против увозот на САД.

Сепак, тој не ја отфрли можноста за решение и со тоа го заврши спорот.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој е во Вашингтон на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд, ја предупреди американската влада дека царинската одлука ќе има „негативни економски и политички последици“. „ЕУ е подготвена да возврати“, рече Ле Мер.

За денеска е предвидена средба меѓу Ле Мер и трговскиот претставник на САД Роберт Леитизер.

GOLD
To Top