Новости

Свет

САД го одобри користењето на лекот против ебола за лекување на коронавирусот

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри итното користење на лекот ,,Ремедивир” за третман на инфекцијата со коронавирус, пренесува Би-Би-Си.
Лекот инаку се користи за лекување на ебола, а неодамнешните клинички испитувања покажаа дека лекот го скратил времето на закрепнување на луѓето кои биле сериозно болни.

Експертите предупредуваат дека лекот не треба да се смета за семоќен во борбата против коронавирусот.Даниел О’Деј, извршниот директор на фармацевтската компанија „Гилеад”, рече дека ќе донираат 1,5 милиони ампули.

Трамп силно го поддржува Редесивир како потенцијален лек за третман на коронавирус.

По клиничките испитувања, Американскиот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) соопшти дека симптомите се намалени од 15 на 11 дена.Во истражувањето учествувале 1.063 лица во болниците ширум светот.

На некои им бил даден лекот, а на некои плацебо.

Извор: kanal5.com.mk

GOLD
To Top