Новости

Свет

САД изврши хакерски напади врз Иран

САД оваа недела изврши компјутерски напади врз иранските системи за лансирање на ракети и на шпионската мрежа, додека Техеран собори едно американско беспилотно летало.

Американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент ги прекина планираните воздушни напади врз Иран, откако американското беспилотно летало беше соборено на 20-ти јуни. Но, тајно, сепак, се одобрени контрамерки во форма на компјутерски напади врз иранските одбранбени системи, пишува Вашингтон пост.

Вашингтон пост вели дека нападите на компјутерите за контрола на ракети и проектили на Иран биле успешни . Имало и друг хакерски напад кој бил насочен против шпионската мрежа што го надгледува преминот на бродовите преку Ормутскиот теснец.

Овие хакерски напади, кои биле планирани пред неколку недели, американските воени претставници ги предложиле како одговор на нападите врз танкерите за нафта во Ормутскиот теснец. Вашингтон го обвини Иран за овие напади, но Техеран негира каква било вмешаност.

GOLD
To Top