Новости

Свет

Се срушил приватниот авион на Пинк во Данска: Пожарникарите им помагале на патниците на местото на несреќата, пејачката сè уште не се огласила

Приватниот авион на популарната пејачка Алиша Бет Мур, попозната како Пинк, се срушил во текот на слетувањето на данскиот аеродром Орхус.

Во авионот се наоѓал екипажот, како и менаџерот на Пинк, а на снимката од местото на несреќата се гледа како пожарникарите веднаш се упатиле кон местото за да го изгаснат пожарот и да им помогнат на патниците.

Според наводите, авионот “Cessna 560XL” летал од Норвешка, а пожарот избил неколку минути пред слетувањето. Благодарение на неверојатната среќа и способноста на пилотот, никој од 10-те патници не е потешко повреден. Во авионот се наоѓале четворица американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин, пилоти од Германија и Австрија и една германска стјуардеса.

Концертот кој е закажан за среда, 7-ми август, во Стадиум Каса Арена во Данска ќе биде одржан. Пинк моментално е на турнејата “Beautiful Trauma”, а по Данска, ја очекуваат концерти и во Германија (9-ти август) и Холандија (11-ти август).

Пејачката сè уште не се огласила по повод авионската несреќа.

GOLD
To Top