Новости

Свет

Се топат глечерите на Хималаите – катастрофа и се заканува на третина од светот

Порастот на температурите заради глобалното затоплување би можело да стопи третина од глечерите на Хималаите, па дури и ако се промени значително климатската политика, покажува најновата климатска студија на која работеле дури 200 стручњаци.

Топењето на мразот може да предизвика сериозни последици за скоро две милијарди луѓе затоа што сите реки во околните земји настануваат од тие глечери. Регионот Хиндукуш-Хималаи е подрачје со најмногу мраз после Арктикот и Антартикот.

Дури и ако значително се намали емисијата на јаглерод диоксид, а растот на температирата да се задржи на 1,5 степени Целзиусови, сепак ќе се стопиат 36% од глечерите од масивот Хиндукуш-Хималаи и тоа до 2100 година. Во студијата се наведува дека ќе се стопат две третини доколу не запрат емисиите на CO2.

GOLD
To Top